Бразилскиот крилен фудбалер на Реал Мадрид, Винисиус наскоро ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид. Тековниот договор на контроверзниот Бразилец истекува во јуни 2027 година.
Клубот наводно го смета играчот како клучен, и заинтересан е да му понуди нова соработка. Двете страни продолжуваат со преговори, и покрај тоа што Саудијците ја чекаат разврската за да тргнат по потписот на овој фудбалер.
Оваа сезона Вини има 16 меча за „кралевите“ во сите конкуренции, и има постигнато пет гола и 4 асистенции.
Винисиус влезе во центарот на вниманието на јавноста во Шпанија поради испадот на дербито со Барселона кога беше заменет, и кога гестикулираше кон Чаби Алонсо. Подоцна се извини за неговиот потег, но добро упатените извори блиски до таборот на Реал кажуваат дека од тогаш односите меѓу фудбалерот и тренерот се нарушени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

