Помошникот на Червар, нов тренер на Прилеп

Ице Соколески, кој е тренер на голманите во стручниот штаб на Лино Червар во македонската репрезентација, е именуван за нов стратег на суперлигашот Прилеп. Соколески на оваа функција го наследува Томче Петрески, кој си замина од Прилеп кон крајот на минатата година поради недоразбирања со управата на клубот.

Го прифаќам предизвикот, јас сум спремен да одговорам и свесен сум што ме очекува. Заедно со сите, со целокупната прилепска јавност и со вас медиумите, се надевам дека на крај ќе успееме. Морам да нагласам дека секој клуб добро е да се темели на домашните играчи, така било и во најдобрите денови на минатите клубови, на “Тутунски Комбинат”, каде костурот на тимот се темелеше на младите играчи, а така ќе биде и во иднина и оваа пролет. Очекуваме оваа недела да ни се приклучи и нов голман, кој заедно со Огнен Трајковски и Ивчески Илчо кој се приклучува од младинскиот тим, ќе го претставува голманското трио во иднина. Имаме ситуација каде имаме склоп на многу искусни играчи со многу млади играчи, од кои заедно со мојот заменик ќе се обидам да воведам поразличен начин на работа. Досега игравме многу напаѓачки ракомет, а од сега ќе ставиме акцент повеќе на одбраната, при што со многу напор, со двојни тренинзи ќе се стремиме кон поволни резултати“ – изјави Соколески.

Воедно, прилепчани ги засилија своите редови со Јане Јанчев, кој се врати во македонскиот ракомет откако почетокот на сезонава го мина во Мароко, а претходно настапуваше и во Турција и во Тунис.

Се вчитува...