Понуда за Иниеста од која „боли глава“

Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста доби понуда од Кина која тешко ќе може да ја одбие. Кинескиот прволигаш Тианжин Куанжин подготвува богатсво за легендарниот плејмејкер, односно годишна плата од 35 милиони евра (600.000 евра неделно), цифра со која би станал вториот најплатен фудбалер во светот, по ѕвездата на ПСЖ, Нејмар.

Газдите на Тианжин се обидуваа да го ангажираат Шпанецот уште во јануари, но Иниеста посочи дека ако веќе ја напушта Барселона, ќе замине на лето, а не на половина од сезоната. Андрес е свесен дека е во залезот на својата кариера и ваква понуда нема да добие од ниту еден клуб, но се двоуми бидејќи Барса сезонава е доста успешна, сигурно чекори кон трофеите во Шпанија, додека има големи шанси да оствари успех и во Европа. Сепак, и покрај тоа што клубот донесе негова замена за следните неколку сезони, Фелипе Кутињо, Иниеста и натаму е прв избор на Валверде, особено во комплицираните натпревари.

Понуди стигнуваат од неколку клубови од САД, исто така и од неколку арапски екипи, но Тианжин нуди далеку повеќе од останатите. Раководстовото на Барса е свесно за интересот на нивниот капитен, но воопшто нема да се меша во неговата одлука (како што беше во случајот со Чави).

Се вчитува...