Понудата е подготвена, Хари Кејн е на потег

Баерн Минхен е подготвен да му понуди нов договор на Хари Кејн и веќе во август ќе ги започне преговорите со англискиот напаѓач за продолжување на соработката.

Иако во изминатите месеци имаше бројни шпекулации околу неговата иднина, а интерес за искусниот голгетер наводно покажувала и Барселона, германскиот шампион нема намера да се раздели со својот најдобар стрелец.

Раководството на Баерн сака што поскоро да ги договори условите за нова соработка и да ја обезбеди иднината на еден од клучните фудбалери во тимот. Кејн е еден од лидерите на составот и игра важна улога во амбициите на клубот за освојување на домашните и европските трофеи.

Сепак, конечната одлука ќе ја донесе самиот фудбалер заедно со своето семејство. Во моментов не се откриваат детали за должината на евентуалниот нов договор, ниту финансиските услови што Баерн ќе му ги понуди на англискиот репрезентативец.

Очекувањата се разговорите да започнат во текот на август, по што ќе биде појасно дали Кејн ќе ја продолжи својата успешна приказна во Минхен.

Се вчитува...