ПОПЛАВА ВО БУКУРЕШТ: Силно невреме, потопен медија центарот, одложен тренингот на репрезентацијата

ЕКИПА во Букурешт,

Владимир Булатовиќ, Роберт Спасовски

Силно невреме владее попладнево во Букурешт, а поројниот дожд им создаде огромни проблеми на организаторите на само еден ден пред премиерниот дуел меѓу Македонија и Австрија.

Одложени се тренинзите и на нашиот прв противник, но и на македонската репрезентација откако поради проблеми со теренот по силниот дожд организаторите донесоа одлука селекциите да тренираат со најмалку еден час задоцнување.

Сериозно се отежнати и условите за работа на новинарите, откако во невремето целосно е потопен и центарот за акредитации во Букурешт.

Слаба увертира на организациски план од Романците, кои паднаа на првиот испит.

Се вчитува...