Попов му најде ангажман на Мехмеди во С.Арабија, но од фамилијарни причини се реши за Анталијаспор

Некогашниот швајцарски репрезентативец Адмир Мехмеди е нов член на турскиот Анталијаспор. Тој денеска потпиша 2,5 годишен договор со турскиот прволигаш.

Вреди да се напомене дека Адмир Мехмеди е поврзан и со некогашниот македонски репрезентативец Горан Попов, кој сега е во менаџерските води. Попов преку неговата агенција GP3 MT Sports Managment му најде ангажман на Мехмеди во Саудиска Арабија, и финансиската понуда беше подобра, но од фамилијарни причини се реши да потпише за Анталијаспор.

Мехмеди и Попов се добри пријатели од времето кога заедно играа за Динамо Киев, односно Попов многу му помогнал во времето кога Адмир престојувал во Киев. Двајцата се согласија да бараат клуб за напаѓачот, на крајот истиот беше најден, меѓутоа Швајцарецот, апсолутно разибирливо, ја стави фамилијата на прво место пред финансиските примања.

Покрај Динамо Киев, Мехмеди играше и за Волфсбург, Фрајбург и Баер Леверкузен.

Мехмеди има 30 години, а Швајцарија одигра 76 натпревари и постигна 10 гола. Беше дел од Швајцарија на ЕВРО 2020, каде стигна до четвртфинлето, а потоа се реши да се прости од националниот тим на Швајцарија.

Се вчитува...