Попович до Ѓорѓевиќ: Јас и ти сме двајца е…. лузери!

Србија славеше против САД во натпреварот во битката за пласман од 5. до 8. место на Светското првенство. Србите на тој начин барем малку го заборавија горкиот вкус на поразот од Аргентина во четвртфиналето и испаѓањето од борбата за медали.

Интересни сцена се случи веднаш по самиот крај на натпреварот. При пријателскиот поздрав меѓу двајцата селектори, Грег Попович во еден момент со широка насмевка на лицето му дофрли на српскиот селектор Саша Ѓорѓевиќ:

„Саша, јас и ти сме само двајца е…. губитници!“

Нешто покасно тоа на прес-конференцијата по мечот го потврди и самиот Саша Ѓорѓевиќ.

 

Се вчитува...