Поповски реален: Млади сме, грешиме, ќе се поправиме…

mec baner

Удобната предност во второто полувреме му овозможи на Лино Червар против Ангола да им даде шанса на дел од играчите кои вообичаено седат на клупата за резерви во нашиот национален тим. Еден од нив е и Мартин Поповски, членот на Вардар кој сезонава почна да добива шанса на неколку средби во првиот тим на „црвено-црните“, за да се најде и на конечниот список на патници за Франција. Поповски одигра солидно, а по завршувањето на натпреварот не го криеше задоволството од своето мундијалско деби.

Ова беше мој прв натпревар на едно светско првенство, секако дека сум пресреќен, постигнав и еден гол. Млади сме, правиме грешки, но ќе извлечеме поуки од нив и ќе се поправиме. Мислам дека во натпреварот влеговме нешто поопуштено, затоа од самиот почеток имавме проблеми, но успеавме да влеземе во посакуваниот ритам и на крајот да славиме заслужена победа. Ќе извлечеме поука и од овој дуел, и Ангола како Ангола игра се подобро, а ние мораме да се испотиме за да славиме против секој противник. Сега пред нас е Словенија, меч на кој ќе се обидеме да забележиме уште една победа и да ги израдуваме нашите фанови“ – изјави Поповски.

Се вчитува...