Популарни цени за билет за финалето во Купот на Македонија

Финалето во кошаркарскиот Куп на Македонија кој го носи називот по легендата на македонската кошарка, Благоја Георгиевски – Буштур ќе биде одиграно денеска со почеток од 19 часот и 30 минути во салата „26ти Април“ во Гевгелија кога силите ќе си ги одмерат бранителот на трофејот МЗТ Скопје и на големо задоволство на домашната публика, Кожув.

Домаќинот на турнирот, КК Кожув ги одреди цените за билетите кои ќе чинат 200 денари и истите ќе бидат пуштени во продажба од 11 часот.

Се вчитува...