Поради Дончиќ сакаше да игра за Словенија, сега ќе го следи Лука во Лос Анџелес

Лос Анџелес Лејкерс се во потрага по нов кошаркар кој ќе ја покрива центарскта позиција, а голема е веројатноста дека засилувањето ќе дојде во името на Даниел Гафорд, поранешниот соиграч на Лука Дончиќ во Далас кој беше толку импресиониран од Словенецот поради што изрази желба да биде дел од оваа поранешна југословенска репрезентација.

Гафорд кој на драфтот во 2019 година беше одбран како 38. пик веќе шест сезони е дел од НБА лигата во кои покрај за Далас настапуваше и за Чикаго и Вашингтон.

Оваа сезона Гафорд бележи рекордни 12.3 поени во просек дополнети со 6.9 скокови и 1.9 блокови на 51 одигран натпревар. Во моментот е надвор од терените поради повреда.

Се вчитува...