„Поради Федерер загубивме 20 години“

Францускиот тенисер Жил Симон повторно искрено говореше за настаните во светот на тенисот. Иако признава дека е љубител на ликот и делото на Роџер Федерер, тој има интересно мислење за состојбата за која е одговорен Швајцарецот.

„Немам ништо лично против Федерер, но имам против сликата која ја имаме за него. Децении наназад се верува дека младите тенисери треба да се угледаат на него. Поради стилот, агресивноста, самодовербата, оправдано е да се има такво мислење. Но, поради него загубивме 20 години. Во Франција сите го сакаат Федерер, родители, деца… Не сфаќаат дека Надал со тотално различен стил исто така освои 20 грен-слема. Поради тоа би било добро кога Роџер би ги изгубил сите рекорди. Тогаш конечно би можеле да ги видиме и останатите“, изјави Симон. 

Федерер во моментов има исто грен-слеми како и Рафаел Надал (20), додека Новак Ѓоковиќ досега ги собра 17.

Се вчитува...