Поради лошиот воздух откажани тренинзите за Австралија Опен

Лошиот квалитет на воздухот кој е последица на пожарите во Австралија ги принуди организаторите привремено да ги откажат сите тренинзи на терените во Мелбурн парк. Сепак квалификациските мечеви ќе мора да бидат одиграни според превидениот план, но поради чадот веќе има повлекувања. Словенката Далила Јакуповиќ побара помаш и беше изнесена од теренот со силна кашлица во првиот коло од квлафикациите.

„Дополнителни одлуки ќе бидат донесени во склад со информациите кои ќе ги одбиеме од терен во консултации со медицинскиот тим и со Бирото за метрорологија. Условите се подобруваат, ги следиме постојано“ – стои во официјалната објава од организацијата на турнирот.

Лошиот воздух кој произлегува од пожарите кои беснеат во Австрлаија уште од септември беше причина за загриженост кај бранителот на титулата на грен-слемот, Новак Ѓоковиќ. Организаторот сепак смирува дека ако условите бидат лоши, мечевите ќе бидат ограничени на трите стадиони со кров и на осумте покриени терени.

Во меѓувреме продолжува донаторската акција на славните тениски имиња кои даваат пари за санирање на штетите. Серена Вилијамс ги донираше парите од титулата во Оукленд. Најславните имиња на спортот ќе одиграат и донаторски турнир.

Според последните информации, пожарите во Австрлаија стивнуваат, но сега останува борбата со чадот, со загадениот воздух и со огромните последици по растителниот и по животнискиот свет.

Се вчитува...