Поради поплавениот терен: Одложен куп-мечот меѓу Работнички и Шкупи во Маџари

Поради поплавениот терен на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари по долготрајните врнежи дожд во главниот град одложен е натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкупи кој требаше да стартува од 13 часот.

По согледувањето на состојбата на теренот од страна на официјалните лица, а во договор со претставниците на двата клуба, одлучено е дека нема услови за игра поради што натпреварот од одложен за 24 часа.

Тешки се условите за игра и на стадионот во Ѓорче Петров, но таму, сепак, ќе се игра пресметката меѓу Македонија ЃП и Силекс.

Се играат од 13 часот и натпреварите од четвртфиналето во Купот на Македонија во Штип меѓу Брегалница и Воска Спорт и во Кавадарци каде Тиквеш ја пречекува АП Брера.

Се вчитува...