Поради проблеми со лиценците: Вардар и Металург со преполовени тимови во Суперкупот!

Вардар и Металург најверојатно ќе играат со преполовени тимови во Суперкупот на Македонија кој во сабота, во рамките на меѓународниот струшки турнир, се игра од 21 часот во Струга.

Согласно пропозициите, и двата клуба добиле известување од Ракометната федерација на Македонија дека мора да настапат исклучиво само со лиценцирани ракометари, што значи дека ќе мора до петок да се платат неопходните лиценци за настап на странците.

Но, како што дознаваме, во Металург е донесена одлука да настапат исклучиво со домашни ракометари а без Јагањац, Токиќ и најновите странски засилувања Адријан Миличевиќ од Хрватска, Србинот Предраг Мијатовиќ како и Арбер Ќерими.

Останува да се види одлуката на РК Вардар со кои ракометари ќе настапи во Суперкуп натпреварот, иако јасно е дека за мечот во Струга нема да се смета на поголемиот дел странски ракометари.

Се вчитува...