Поради снегот натпреварите од 22. коло во ПМФЛ ќе се играат во среда

Фудбалската федеарација на Македонија донесе одлука со која денешните натпревари од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига поради снежните врнежи кои ја зафатија цела Македонија ќе се одиграат во среда.

Одлуката беше донесена рано утринава, а тоа значи дека денеска нема да се одигра ниту еден од мечевите.

„Поради снежни врнежи на територијата на цела држава, Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи преостанатите пет натпревари од 22. коло во 1. МФЛ кои на програмата требаше да се одиграат денеска (6. март) и ги пренасочи да се одиграат на 09.03.2022 година, среда, со почеток во 14:00 часот“, стои во соопштението на ФФМ. 

ПМФЛ 22. КОЛО: 

Академија Пандев – Борец

Брегалница – Пелистер

Работнички – Шкендија

Ренова – Шкупи

Струга ТЛ – Македонија ЃП

Се вчитува...