Навивачите бараат негово заминување, „Сан“ тврди дека Венгер останува уште една сезона (ФОТО)

Навивачите на Арсенал се поинтензивно бараат заминување на Арсен Венгер од клубот. Најголемите замерки секако се што последната титула со „топчиите“ ја освои пред 13 години. Дополнително „масло на огнот“ залее вчерашниот пораз од ВБА по кој Арсенал падна на петтото место и дополнително си ја загрози борбата за Европа.

За време на вчерашниот натпревар, навивачите на Арсенал на специфичен начин му испратија порака на Венгер. За време на мечот, на небото над Бирмингем постојано поминуваше лесен авион со порака: „Нема нов договор, Венгер оди си“.

По поразот повторно од страна на медиуми следеше прашање за Венгер дали заминува на крајот од сезоната, но тој и натаму остана таинствен.

„Знам што ќе направам во иднина, и за тоа наскоро ќе ве информирам. Ќе видите сите“ – рече Венгер, кој во наредните денови се очекува да ја соопшти дефинитивната одлука.

Таблоидот „Сан“ пренесува дека Венгер ќе биде на клупата на Арсенал уште една година, со сигурност и во следната сезона. Клубот му понудил нов двегодишен договор, но Венгер наводно ќе се одлучи само за уште една година во Лондон.

Се вчитува...