Порака за Икарди: Предавнику, оди си!

Мауро Икарди е во немилост на навивачите на Интер. Тој е во затегнати односи со клубот кој му ја одзеде капитенската лената и не ги одигра двата последни дуели. Во победата против Сампдорија, Икарди беше на трибините со сопругата Ванда Нара. Кога се појавија на екранот, одекнаа свирежи од целиот стадион. Навивачите му порачаа дека за предавниците нема место во клубот.

Икарди чија кариера ја менаџира сопругата Нара ги влоши односите со Интер бидејќи не потпишува продолжување на договорот кој му истекува во 2021 година. Од Интер тврдат дека Ванда Нара практично го уценува клубот.

Аргентинецот во Интер дојде во 2013 година, има 210 настапи и 122 гола. Хаосот меѓу Икарди и Интер се обидуваат да го искористат клубовите кои се заинтересирани за него, пред се Реал Мадрид, Јувентус и Челси.

 

Се вчитува...