Поранешен аргентински репрезентативец се обидел да ја убие сопругата

Поранешниот аргентински фудбалер Лучо Гонзалез, е обвинет за убиство на својата на својата сопруга. Според обвинувањата од Андреа да Силва Гонзалес, нејзиниот сопруг на 8 декември се обидел да ја убие.

„Мојот сопруг, Лучо Гонзалес, се обиде да ме убие. Се скаравме, а тој се обиде да ме задуши и да ми ги пресече вените. Ме закачи да висам на терасата и ги викна децата да ме гледаат од долу. Нашите вработени повикаа полиција и тој ме фрли од терасата, а потоа почна да вика дека ќе ме убие. Ја испразни куќата, ги зеде сите мои пари од сметката и ги блокира сите мои картички“ – изјави Андреа да Силва Гонзалес за „Глобо Еспорт“.

Лучо Гонзалес своевремено настапуваше за репрезентацијата на Аргентина, а во својата клупска кариера играше и за Марсеј и Порто.

Се вчитува...