Поранешен директор на ФИФА потврди: Земаа поткуп за Катар 2022

Поранешниот директор за маркетинг во ФИФА, Алехандро Бурзако, на судењето во САД рече дека високи функционери примале поткуп за да гласаат Катар да биде домаќин на СП 2022. Тој потврди дека Аргентинецот Хулио Гондона барал милион долари кои му ги „должеле“ за глас во 2010 година бидејќи помогнал Катар да ја добие организацијата на Мундијалот.

Бурзако на судењето откри и други детали за незаконските работи во светската куќа на фудбалот. Така, тој ја опиша и караницата зад кулиси меѓу Гордона и официјалните лица од Фудбалската федерација на Катар на Конгресот на ФИФА во 2011 година. Аргентинскиот функционер тогаш барал да му исплатат 80 милиони долари.

Ова сведочење на поранешниот директор во ФИФА беше на судењето на тројца јужноамерикански фудбалски функционери обвинети за примање поткуп.

Се вчитува...