Поранешен фудбалер на Партизан и на Риека уапсен во Албанија

Поранешниот фудбалер на Партизан Теофилус Соломон е предаден на полицијата во Албанија. По него е распишана потерница за насилство врз девојка додека играл во Албанија.

Соломон веќе беше уапсен и претходно, кога играше косовската лига. Подоцна бил ослободен, но со обврска на секои три месеци да се јавува во полиција. Бидејќи не го сторил тоа, потоа бил уапсен и екстрадиран во Албанија.

Полицијата соопшти дека заедно со Соломон, по меѓународни потерници биле уапсени уште три лица. Соломон настапуваше за бројни клубови од Балканот, меѓу кои Партизан, Риека, Шибеник, Ујпешт и Партизани од Тирана.

Се вчитува...