Екс фудбалер на Реал Мадрид призна: „Доаѓав пијан на тренинг“

Екс играчот на Реал Мадрид и на репрезентацијата на Бразил, Сисињо призна дека пијан доаѓал на тренинзите на мадридскиот клуб.

Десниот бек играше за „кралевите“ во сезоната 2006/2007, а потоа замина во Рома за 11 милиони евра.

„Ако прашувате дали некогаш на тренинзите на Реал доаѓав пијан, да го правев тоа. После алкохолот пиев кафе, а потоа се „туширав“ со парфем. Тој трик ми успеваше секогаш. Никогаш не ме фатија. Никогаш не престанав да пијам пиво, а почнав со 13 години. Ми рекоа дека пивото е добро, хранливо. Скоро 20 години бев алкохоличар, пиев 10-12 пива на ден. Сакав и да пушам, но проблемот беше што пиев секој ден“, рече Сисињо. 

Сисињо играше и за Вилјареал, потоа и за Сиваспор, а кариерата ја заврши во 2018 година. За националниот тим на Бразил одигра 15 меча.

Се вчитува...