Поранешен играч на Ливерпул кандидат за селектор на БИХ

Селекторската клупа на БИХ и натаму е испразнета, а во моментот кружат неколку имиња кои би можеле да седнат на „жешкото“ столче. Пред неколку дена се шпекулираше со името на Андреј Шевченко, а сега најновото име кое е вклучено во трката е поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Алберт Риера.

Риера во изминатите неколку години престојува на овие простори, односно прво беше играч Заврч и на Копер од Словенија, а во изминатата сезона беше назначен за тренер на Олимпија Љубљана. Кратко беше и помошник во Галатасарај.

Риера е поранешен шпански репрезентативец, за селекцијата има 16 настапи и четири гола. Тој беше стрелец на еден од трите гола кој Шпанија ги постигна во Скопје на новата „Арена“ во победата од 3-2 кога се случи пресврт од 0-2.

Се вчитува...