Поранешниот играч на Партизан, Бенфика, Реал Сосиедад и репрезентацијата на Црна Гора, Андрија Делибашиќ, имал операција на тумор на мозокот, и сега се опоравува.
На Делибашиќ неодамна му беше откриен туморот, а во моментов е на процес на опоравување. На неодамнешниот квалификациски натпревар меѓу Црна Гора и Србија во Подгорица, беше скандирано неговото име, и навивачите му посакаа брзо опоравување.
Делибашиќ по завршувањето на кариерата почна тренерска кариера, а во моментов е актуелен тренер на тимот на Морнар од бар. Пред тоа беше асистент во Партизан и во Будуќност.
Тој ги почна првите чекори во Сутјеска од Никшиќ, а на 14 години заминува во Партизан. За белградските „црно-бели“ дебитираше на 18 години. Ќе биде запаметен дека своевремено за него се интересираше Здравко Мамиќ кој сакаше да го доведе во Динамо.
Делибашиќ играше во групната фаза во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Порто и Олимпик Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА