Мајкл Портер Џуниор откри дека шампионскиот прстен воопшто не му значи многу. Денвер Нагетс станаа НБА шампиони за првпат во историјата на франшизата во 2023 година, откако го совладаа Мајами Хит во големото финале.
Тогаш Никола Јокиќ беше прогласен за МВП на финалето, а Арон Гордон, Мајкл Портер Џуниор и Џамал Мареј одиграа многу важни улоги.
Поради компликации поврзани со даноци и високи трошоци, Денвер одлучи да го испрати Портер во Бруклин преку размена во 2025 година, а тој сега вели дека шампионскиот прстен од 2023 година не му значи ништо.
„Тој прстен не ми значи многу. Ако го продадам, нема да добијам многу пари за него. Важно ми е што ја освоивме титулата, а за што служи прстенот? Тоа е како трофеите што ги добивавме како деца, го добиваш трофејот и повеќе не се грижиш за него. Сега е исто. Во ред, имам прстен и сите знаат дека имам прстен. Не сум премногу заинтересиран за материјални работи. Ако банкротирам, ќе го продадам прстенот“, изјави Портер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
