Поранешен светски рекет број еден го критикува Ѓоковиќ: „Тоа е глупост, катастрофа…“

Поранешниот светски рекет број еден, Евгениј Кафељников, го коментираше предлогот на Новак Ѓоковиќ за промена на форматот на тениските натпревари.

Ѓоковиќ предложи одредени промени што би привлекле внимание и би го олесниле гледањето на тениските натпревари, кои сè повеќе траат предолго.

Тој се залага за скратување на натпреварите, намалување на гемовите од шест на четири по сет, предлагајќи додавање на правилото за одлучувачки поен – што значи игра без разлика.

Дополнително, тој предлага сите натпревари во тој случај да се играат во три сета, но ќе траат помалку од два часа.

Кафељников го критикуваше овој предлог.

„Ова е глупост! Тоа е глупост што не можете ни да ја замислите. Ако се случи ова, ќе бидам целосно разочаран од тенисот“, рече Кафељников.

Новак Ѓоковиќ денеска се враќа на терените, а неговиот противник во второто коло во Синсинати ќе биде Тиранте.

Се вчитува...