Поранешен светски шампион осуден за силување деца

Поранешниот светски шампион во снукер, Греам Дот, доби затворска казна од седум години поради сексуална злоупотреба на две деца.

Дот е осуден од Високиот суд во Единбург, за кривични дела во периодот од 1993 до 2010 година. Според Би-Би-Си, Дот не покажал емоции за време на изрекувањето на пресудата.

Судијата Лорд Харовер пред изрекувањето на казната истакнал дека двете жртви биле ранливи и дека однесувањето на Дот имало, како што навел, „класични карактеристики на регрутирање дете за сексуална злоупотреба“.

Дот во тој период ги наградувал децата со подароци и на тој начин ги привлекувал, а потоа одзел и значаен дел од детството на жртвите, кои подоцна се соочиле со чувства на страв, срам и гнев.

На судењето во Високиот суд во Глазгов било утврдено дека Дот несоодветно се однесувал кон девојче од основно училиште, додека вториот случај се однесува на момче кое било злоставувано од него во периодот од 2006 до 2010 година.

На судењето се појавиле и двете жртви кои сведочеле за силувањата, иако и девојката и момчето сега се на возраст од 40 односно 20 години.

Се вчитува...