Поранешен тренер на Галатасарај пронајден мртов под урнатините

Угур Курт, 52-годишен фудбалски тренер денеска е пронајден мртов под урнатините во југоисточниот дел во Турција. Неговото безживотно тело е пронајдено од страна на спасувачите, а тој работеше како тренер на голманите на Искендерунспор.

Курт во минатото бил во стручниот штаб на Галатасарај, односно од 2006 до 2009 година. Потоа работеше уште во неколку клубови како Болуспор, Карагумрук, Манисаспор, Истанбулспор, кратко во младинскиот тим на Башакшехир.

Тренерскиот ангажман во Искендерунспор го доби на почетокот на оваа година.

Од него се прости неговиот поранешен клуб Галатасарај.

„Со тага ја примивме веста за гренерот на голманите Угур Курт, кој извесно време беше тренер и на голманите во нашиот клуб. Нашето сочусвство го испраќаме до неговото семејтво, роднините, Искендурспор и турската спортска заедница“, стои во соопштението на Галатасарај.

Се вчитува...