Поранешниот НБА кошаркар Нејт Робинсон се бори за живот иако има само 40 години. Робинсон помина десет години во НБА, играјќи за Њујорк, Бостон, Оклахома, Голден Стејт, Чикаго, Денвер, ЛА Клиперс и Њу Орлеанс.
И покрај тоа што беше висок само 175 сантиметри, тој три пати беше шампион во забивање на Ол-стар (2006, 2009 и 2010 година). Сепак, денес тој ја води битката на својот живот.
Робинсон, кој веќе 18 години се бори со бубрежна болест, за „Менс Хелт“ изјави дека ќе умре доколку наскоро не најде донатор за трансплантација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА