Поранешната петта тенисерка на светот ја откри тајната на Ѓоковиќ и Надал

Поранешната тенисерка и петта на ВТА ранг листата, Даниела Хантукова ја откри тајната на успехот на Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Тие имаат одличен баланс и знаат како да се одморат од тенисот. Поради тоа се толку добри. Но, кога ќе излезат на теренот тогаш се е подредено на тенисот. Затоа толку често победуваат. Тоа е чувство кое секогаш сакате одново да го доживувате“, изјави Хантукова. 

Хантукова најдобро пласирана на ВТА листата беше во јануари 2003 година кога беше петта тенисерка на светот. Во кариерата освои седум ВТА титули, а најдобар пласман на грен-слемите и е полуфиналето на Австралија опен во 2008 година.

Се вчитува...