Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ никако да „побегне“ од крадците.
Откако минатата година нејзиниот стан беше ограбен во Скопје, кога се уште беше актуелна ракометарка на Вардар, сега Лекиќ доживеа нова слична непријатност во Белград.
Како што пренесуваат српските медиуми, актуелната ракометарка на ЦСМ Букурешт изминатава ноќ наишла на страшни сцени во станот во Белград кој бил уништен од крадци во обидот да ја ограбат. Според информациите од полицијата украден е целиот накит кој го поседувала Лекиќ. Засега нема официјална информација за висината на вредноста на украдените работи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА