Поранешниот германски репрезентативец ја заврши кариерата на 33 години

Холгер Бадштубер, поранешниот дефанзивец на германската фудбалска репрезнтација со која настапуваше на Мундијалот во Јужна Африка и на ЕП 2012 година во Полска и Украина, објави крај на својата кариера на 33 години.

Бадштубер играше како централен дефанзивец, и покрај тоа што кариерата ја почна како лев бек. Тој во младинските категории настапуваше за Штутгарт и за Баерн Минхен, а во 2007 година стана дел од вториот тим на Баерн Минхен. Во 2009 година па во следните осум ќе биде дел од првиот тим на „Баварците“ за кој одигра 119 натпревари и освои пет титули во Бундеслигата. Се закити и со трофеј во ЛШ во 2013 година.

Бадштубер во 2017 година се врати во Штутгарт, откако мина една полусезона како позајмен во Шалке. Последен клуб му беше Луцерн, по што се реши за крај на кариерата.

За германскиот национален тим има 31 настап, и постигнато еден гол во пет години играње за „елфот“.

Се вчитува...