Поранешниот голгетер на Шкупи се сели во Андерлехт за 2,5 милиони евра?

Дембо Дарбо, поранешниот голгетер на Шкупи е на „радарот“ на Андерлехт за нов голгетер на тимот, пренесуваат белгиските медиуми. Дарбо во моментов игра во Шахтјор Солигорск каде замина токму од чаирскиот тим, и во Белорусија постигна 21 гол заокружувајќи 11 асистенции. Во следните денови белгискиот гигант ќе одлучува дали ќе го ангажира Дарбо, а во комбинација се уште неколку екипи.

Според информациите, сумата која Андерлехт би требало да ја плати за Дарбо е 2,5 милиони евра. Инаку уште еден белгиски прволигаш чека разврска околу неговиот трансфер. Тоа е екипата на Гент. Доколку не дојде до трансфер во Андерлехт, тогаш Дарбо сигурно ќе оди во Белгија, но во тимот на Гент кој исто така е сериозно заинтересиран за услугите на Гамбиецот.

Дарбо беше во Шкупи од август 2019 до јануари 2021 година кога замина во Белорусија за сума од околу 700 илјади евра. Ако Шкупи има во клаузулата процент од следен трансфер, тогаш и чаирскиот тим ќе заработи од трансферот на Гамбиецот.

Договорот на Дарбо со Шахтјор истекува на крајот на 2023 година.

Се вчитува...