Поранешниот кошаркар на Црн Дрим ќе го разигрува Кожув (ФОТО)

Кожув е тимот кој претрпе најголеми промени оваа зима. Од гевгелискиот состав заминаа поголемиот дел од играчите, сменет беше и тренерот Павле Николов, а таа функција ја наследи Перо Блажевски кој сега го составува ростерот за вториот дел од сезоната.

По Бродвеј, нов странец кој го засили тимот е поранешниот кошаркар на Црн Дрим, Елџеј Кауерд. Американецот пристигна во струшкиот тим на средината од претходната сезона, а одигра осум натпревари на кои забележа просек од 14.8 поени, 4.5 скока и 3.9 асистенции.

Покрај плејмејкерот тимот ќе го засили и искусниот Александар Штерјов кој сезоната ја започна во Еуро Никел, но замина по доаѓањето на Кире Николовски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Epic Sports Consulting LLC (@escllc)

Се вчитува...