Поранешниот НБА комесар Стерн доживеа мозочен удар

Поранешниот комесар на НБА лигата, Дејвид Стерн доживеа мозочен удар поради кој мораше итно да замине на операција. Тој го заработил ударот додека бил на вечера во еден ресторан на Менхетен.

„Нашите мисли се со Стерн и неговото семејство“, изјави комесарот на НБА лигата Адам Силвер. 

Стерн беше комесар на лигата 20 години, од 1984 до 2014 година. Тој на тоа место го наследи Лери О’Брајан, а ја водеше НБА лигата во период во кој таа имаше голем планетарен раст и доживеа голема популарност и надвор од Соединетите американски држави.

Се вчитува...