Поранешниот шампион открива: Меси за малку ќе играше во Италија!

Лионел Меси, наместо во Барселона пред десет години можел да заврши во Јувентус. Поранешниот играч на Јувентус, Мауро Каморанези, открива дека Аргентинецот во 2005 година бил блиску до трансфер во Јувентус кој тогаш од клупата го предводеше Фабио Капело.

„Капело уште во тоа време го виде потенцијалот на Меси. За него тогаш рече дека е поинаков играч и дека ќе биде еден од најдобрите во светот. Тој велеше дека треба да почекаме Меси да го достигне својот потенцијал, пред да го купиме, дури и ако треба да потрошиме повеќе од очекуваното. Серија А во тоа време беше многу поконкурентна, беше најдобра лига во светот, а Меси беше многу блиску до Јувентус“ – вели Каморанези.

Каморанези е роден Аргентинец, но играше за Италија со која ја освои шампионската титула на Светското првенство во 2006 година во Германија. Тој е убеден дека Јувентис не би чекал 21 година за освојување на Лигата на шампионите ако го имаше Меси во составот.

Ако Јувентус останеше во Серија А и ако го купевме Меси, сигирно ќе ја освоевме Лигата на шампионите. Немам дилема кога е тоа во прашање. Можеби Меси со Јувентус не би освоил толку трофеи како со Барселона, но на индивидуално ниво, сигурно ќе освоеше исто толку признанија“ – вели Каморанези кој сега е тренер на мексиканската екипа Тапачула.

А, токму Меси со Барселона ќе игра против Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Се вчитува...