Поранешниот тренер на Денвер со провокација до Јокиќ: Шај покажа зошто е МВП!

Мајк Мелоун до пред месец и половина беше тренер на Денвер нагетс и буквално се колнеше во Никола Јокиќ, велејќи дека сите бројки покажуваат дека Србинот без никакво сомневање и оваа сезона е најкорисен играч во НБА.

Сепак, заминувањето од клупата на Нагетс, кое беше болно и неочекувано, очигледно промени нешто во ставовите на тренерот, кој го предводеше Денвер до шампионската титула во сезоната 2022/23.

Мелоун сега е стручен консултант на „ЕСПН“ за финалето на Западната конференција во кое се среќаваат Оклахома и Минесота. Тандер убедливо го добија првиот меч, а Мајк имаше интересен коментар по мечот.

„Шај Гилџс Александер покажа зошто е МВП“, изјави Мелоун. 

Се вчитува...