Пораз и на ЖРК Куманово на стартот на ЕХФ купот

Женскиот македонски ракометен клуб Куманово доживеа пораз на првиот меч против швајцарски Херзогенбуш (22-29) во 1. коло од ЕХФ купот.

Клучната разлика Швајцарките ја направија во првиот дел кој го добија 10-15, а играта во егал во вторите триесет минути не беше доволна за Кумановки да стигнат до поволен резултат.

Реваншот меѓу овие два тима ќе се одигра утре исто така во Швајцарија.

Антевска Никита – 2 гола
Цветановска Сара – 2 гола
Зечевиќ Сузана – 6 гола
Нестороска Нена – 2 гола
Еленин Адела – 2 гола
Богојеска Сара – 6 гола
Ѓошевска Јана – 2 гола
Одбрани на голманите:
Марија Јовановска – 4
Симона Грујовска – 7

Се вчитува...