Пораз на Блокотехна во Пловдив, 41 поен на Мијатовиќ не беа доволни

Кошаркарите на Блокотехна го претрпеа првиот пораз во БИБЛ. Победничката серија на клубот од Гевгелија заврши на гостувањето во Пловдив против Академик Бултес кој го доби денешниот дуел со 82-77.Извонредна партија во тимот  на Блокотехна имаше Данило Мијатовиќ кој реализира дури 41 поен, но ни тоа не беше доволно за победа на гевгеличани.

Блокотехна добро го отвори натпреврот и првата четвртина ја заврши со предност од 22-17. Но, притисокот  на домаќините се засили во нередените четвртина, постигнаа седум поени по ред во финишот и на полувремето Академик Бултес имаше водство од 43-36.

Во третата четвртина, Блокотехна предводена од ефикасниот Данило Мијатовиќ, успеа да ја намали негативата завршувајќи го овој дел со 18-16.

Неизвесноста продолжи и во завршната четвртина. Домашните кошаркари се обидуваа да одолеат на притисокот на гостите, но немаа решение за расположениот Мијатовиќ. Сепак, бигарскиот тим успеа да ја одбрани предноста во финишот и да ги освои бодовите.

Повеќе од половина од поените на Блокотехна ги постигна Данило Мијатовиќ кој заврши со 41 поени дополнети со девет скока.  Горан Главцев заврши со 11 поени, два скока и четири асистенции. Кај домашниот тим најефикасен беше Најт со 27 поени, четири скока и три асистенции.

Се вчитува...