Одбојкарките на Фит Фан Волеј загубија со 3:0 од грчки АЕК Атина во меѓународното деби во БВА купот на турнирот кој оваа година се игра во Косово.
Скопскиот тим кој се потпира на млади, домашни сили одигра во грч против поискусниот состав на грчкиот ривал и се обиде да понуди посилен отпор особено во финишот на сетовите па загуби со 25:14, 25:9, 25:15.
Петровска со шест и Јакимовска со пет поени беа лидерки на македонскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

