Пораз на Ѓорческа на стартот на турнирот во Љубљана

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е поразена во првото коло на ВТА 125 турнирот кој се игра во Љубљана, Словњнија со награден фонд од 100.000 евра. Ѓорческа е поразен во три сета и тоа со 6-4,1-6,6-2 од романската тенисерка Мариам Булгару во меч кој траеше 135 минути.

Првиот сет и припадна романската тенисерка со 6:4 во гемови, а единствениот брејк го направи Булгару во првиот гем што се покажа решавачки. Во вториот сет Ѓорческа поведе со 5:0 во гемови по што бше јасно дека ќе се игра трет одлучувачки сет.

Во него, Булгару поведе со 3:0, но Ѓорческа намали на 3:2. Во продолжението на мечот романската тенисерка освои уште три гема и го доби мечот.

Следниот настап Ѓорческа ќе го има на турнирот во Анкара следната недела.

Се вчитува...