Пораз на Кузмановски и Хановер од Бергишер

Филип Кузмановски и неговиот Хановер забележаа пораз на домашен терен од Бергишер со 30-32 во последниот натпревар пред паузата за Светското првенство во германската ракометна Бундеслига.

Македонскиот репрезентативец не постигна ниту еден погодок на овој меч.

Очекуван пораз доживеа Вецлар во кој помошник тренер е нашиот Филип Миркуловски на гостувањето кај големиот фаворит Фленсбург од 34-24. Емил Јакобсен со осум погодоци беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Лени Рубин заврши со шест.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...