Пораз на Македонија ЃП на контролата во Банско против ЦСКА Софија

Прволигашот Македонија Ѓорче Петров загуби во пријателскиот натпревар против бугарска ЦСКА Софија со 1-2 кој е дел од подготовките на тимот во Банско. Бугарите поведоа со 1-0 со голот на Пригов во 42. минута, резузлтат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел „лавовите“ израмнија на 1-1 во 73. минута, додека конечните 1-2 ги постави Русев од пенал во 84. минута. Тимот од Ѓорче Петров го чекаат уште два натпревари од подготовките во Банско.

Првиот е закажан за 20. јули против Беласица Петрич, додека на 22. истиот месец ќе се сретнат со Академија Пандев.

Се вчитува...