Македонската репрезентација до 19 години загуби со 1-3 во првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија.
Гостите поведоа во 26. минута, а стрелец на голот беше Флоријан Межнар. Само пет минути подоцна Денис Виденовиќ зголеми на 2-0.
Во 42. минута, Иво Марковски го совлада противничкиот голман и ја намали предноста на Словенците на 2-1.
Конечниот резултат беше поставен во 74. минута кога во листата на стрелци се запиша Тилен Летоња.
Составот предводен од Димитар Капинковски против Словенија ќе одигра уште еден дуел, в четврток, а натпреварот на теренот во комплексот Горан Пандев ќе се одигра од 12 часот.
МАКЕДОНИЈА: 1. Александар Трајков, 2. Албан Рочи (21.Валмир Хамити 70), 4. Матео Кесиќ, 5. Андреј Димовски (19.Флорент Османи 70), 7. Флори Иљази (23.Стефан Јорданоски 70), 8. Лорент Жаку (3.Стефан Секирски 70), 10. Иван Танчев (18.Ристе Милев 80), 11. Стефан Бранковски (17.Мартин Џангаровски 60), 13. Иво Марковски (15.Стефан Стаматовски 70), 16. Филип Цветковски (5.Андреј Димовски 80), 20. Лука Варошански (6.Матеј Киш 80).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
