Пораз на сестрите Вилијамс во првиот заеднички меч по четири години

Славните американски тенисерки Венус и Серена Вилијамс претрпеа пораз во нивниот прв заеднички меч во двојки по четиригодишна пауза.

Иако зад себе имаат импресивна кариера со три олимписки златни медали и дури 14 гранд-слем титули, легендарните сестри покажаа дека не можат да победат во битката против времето.

Тие беа поразени од Марта Костјук од Украина и Пејтон Стернс од САД. И покрај огромната поддршка од публиката и повремените блесоци на препознатливата доминација, сестрите Вилијамс не успеаја да го издржат темпото на помладите противнички кои на крајот славеа со 2-1, по сетови 6-2, 1-6 и 10-8.

Овој емотивен меч во Синсинати веројатно означува едно од последните појавувања на најтрофејниот сестрински тандем во историјата на белиот спорт.

Се вчитува...