Пораз на Шкупи во првата контрола од Балкани

Македонскиот првак Шкупи го загуби првиот пријателски натпревар во текот на летните подготовки. Избраниците на Гоце Седлоски загубија со 0-2 од косовскиот тим Балкани.

Стрелци на головите за Балкани беа Делова и Бериша во второто полувреме. Шкупи во првото квалификациско коло од ЛШ ќе игра против Линколн Ред Импс од Гибралтар, кој лани заигра во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА.

Тимот од Чаир е домаќин на првиот меч, кој ќе се одигра на 5 или 6 јули, додека реваншот на гости се една недела подоцна на 12 или 13 јули.

Се вчитува...