Пораз од Челси – Ливерпул заборави да победува во Премиер-лигата

Ливерпул се доведе во ситуација да не е сигурен учесник во ЛШ следната сезона откако „црвените“ денеска загубија од Челси со 1-0, продолжувајќи ја серијата што сега изнесува три натпревари без премиерлигашка победа. По разочарувачките реми со ВБА и Стоук (две екипи кои се селат во понизок ранг на натпреварување), избраниците на Јирген Клоп денеска повторно покажаа слабост во нападот, не наоѓајќи одговор за одличната одбрана на домаќините предводена од Азпиликуета.

Како пресуден се покажа голот на Оливие Жиру постигнат со глава во првото полувреме, со што францускиот ас уште еднаш покажа зошто добива предност пред Алваро Мората во нападот на „сините“.

Ливерпул се уште се наоѓа во пол-позиција за да остане најмалку на четвртото место, но за тоа да се случи ќе мора во последното коло на домашен терен да го совлада Брајтон.

Се вчитува...