Пораз, победа и делба на првото место на табелата за Ѓорѓиев и Тореј

Тореј Ароус одигра два натпревари изминатиот викенд и запиша една победа и еден пораз. На јапонскиот клуб, во чии редови настапува капитенот на одбојкарската репрезентација Никола Ѓорѓиев, му претстојат уште два натпревари до крајот на регуларниот тек на сезоната, а последните резултати го искачија на првото место на табелата во тамошниот шампионат.

Во поразот од Сантори (3-1 во сетови) македонскиот интернационалец запиша 14 поени (сите од напад) зад своето име, а во победата над Тојота Госеј (3-1 во сетови) Ѓорѓиев запиша 39 поени од кои 35 од напад, три блока и еден ас.

На само два антпревари до крајот, Тореј Ароус се наоѓа на делба на првото место на табелата со 41 бод, исто толку има и Панасоник.

На Ѓорѓиев и Тореј им следат натпревари против ЈТ и Сакаи.

Се вчитува...