Порази на Украина и на Чешка во пресрет на ЕП

Чешка и Украина, кои се ривали на Македонија во групата Б од претстојниот европски шампионат, претрпеа нови порази во подготовките за ЕП 2020.

Чесите денеска се сретнаа со Унгарија, губејќи со резултат 27-24. Мечот беше решен во првото полувреме што Унгарците го добија со 14-10, по што рутински ја одржуваа предноста до самиот крај. Здрахала и Хрштка со по четири погодоци беа најефикасни во чешкиот состав.

Украина по вчерашниот убедлив пораз од Швајцарија денеска повторно загуби, овојпат од селекцијата на Холандија со резултат 30-27. Тилте со осум погодоци беше прв стрелец на Украина, додека по четири постигнаа Жуков, Денисов и Акименко.

Македонија ќе го отвори настапот на ЕП 2020 токму против Украина на 10 јануари, а два дена подоцна избраниците на Данило Брестовац ќе се сретнат со Чешка.

Се вчитува...