Поразот од Грција оди во заборав: Македонија ја растури Полска за место во полуфиналето

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Полска со резултат 30-25, пласирајќи се во полуфиналето од ЕХФ-шампионатот што се одржува во Скопје. Изненадувачкиот пораз во првото коло не остави трага, туку нашите млади ракометари го искористија како мотивација за докажување против Полјаците, кои денеска беа целосно надиграни. Пресуден беше почетокот на второто полувреме, во кое избраниците на Лазаров

Цврстите одбрани на двете страни беа главна одлика во почетните петнаесетина минути. Македонија имаше значителен напредок во однос на првиот меч со Грција, целосно одговарајќи на предизвикот во биката за место во полуфиналето. Во продолжението од полувремето проработеа нападите, но во ритам влезе и македонскиот голман Ерманоски. Тој одбрани зицер во ситуација кога имавме двајца играчи помалку на теренот при резултат 9-9, по што „црвено-жолтите“ подобро го финишираа полувремето и на одмор заминаа со минимални 16-15, примајќи гол од над десет метри со звукот на сирената.

Овој примен погодок не ги поколеба избраниците на Кире Лазаров, кои фуриозно го стартуваа второто полувреме и набрзина поведоа со 21-17. Полјаците се приближија на „минус два“, но Лазаров веднаш побара ајмаут по што следеше нова серија на Македонија и водство од пет гола (26-21). Победникот беше решен на осум минути до крајот, кога Македонија поведе со 29-23, потоа промашувајќи и два зицери да стигне до уште поубедливо водство. На крајот, нашата селеција славеше со 30-25, за заслужено место во полуфиналето.

Се вчитува...