Пореч ќе биде домаќин на Европското првенство во карате

Извршниот комитет на Европската карате федерација (EKF) одлучи сениорското Европско првенство во 2021 година да се одржи во Пореч, Хрватска. Во предвид беа земени повеќе значајни параметри при изборот на нов домаќин, откако Гетеборг ја откажа организацијата на најголемиот континентален настан во каратето поради штетите предизвикани од пандемијата од коронавирусот.

ЕКФ веднаш започна да бара алтернативи, земајќи ја предвид важноста на настанот, како и итноста да се најде нов домаќин колку што е можно порано и да се овозможи започнување на подготовките за организација, без никакво одлагање. Во таа насока, Извршниот комитет дефинираше прецизни параметри со цел да се обезбедат што е можно повеќе услови за одржливост на настанот, земајќи ги предвид однапред утврдените барања како што се локацијата до Централна Европа (полесен пристап за поголем број земји), искуството во одржување настани под посебни околности на COVID-19 и слободниот пристап до земјата без оглед на пандемијата или политичката ситуација во Европа во сегашно време.

Исто така, треба да се потенцира дека уште четири земји изразија подготвеност да ја преземат организацијата на ова европско првенство, што наиде на позитивни реакции. Азербејџан, каде што годинава во март годинава требаше да се одржи европското првенство кое беше откажано поради COVID-19, потоа и Бугарија, Полска и Шпанија, но од споменатите причини, предност доби Пореч.

Според календарот 56. Европско првенство ќе се одржи од 19. до 23. мај 2021 година и ќе биде дел од бодувањето за светската ранг листа, три недели пред Квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Токио, закажан во Париз од 11. до 13. јуни. Претседателот на EKF, Антонио Еспинос изрази благодарност за унитарноста на сите земји членки на европската федерација, кои во тешки и неизвесни ситуации докажаа колку сме обединети и колку е цврсто ова единство кое нè прави уште посилни.

Се вчитува...